EU stars
петок, 18 декември 2015 10:41
Денес, 18 декември (петок) со почеток од 13.00 часот, во организација на Секретаријатот за европски прашања, во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа- Скопје ќе се одржи првата дебата од циклусот „ЕУ Ѕвезди” на тема: "Образованието и младите во нашата земја или во странство", како дел од Кампањата Младите за ЕУ.
Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими ќе има воведно обраќање, додека на дебатата учество ќе земат студентите од Универзитетот.