Новости
вторник, 24 ноември 2015 15:23
Државниот секретар за европски прашања г-ѓа Ана Блажеска во рамките на своите надлежности денес оствари средба со претставници од Европскиот совет за надворешни работи.
Европскиот совет за надворешни односи, во партнерство со Министерството за надворешни работи на Холандија, работи на нов проект насловен како "Обезбедување на позицијата на Европа во Западен Балкан", како дел од пошироката програма за Европа.
За овој проект кој се состои од истражување, публикација како и реализација на серии на настани низ цела Европа беше одблизу запознаен Државниот секретар во СЕП.
Во рамките на оваа средба Блажеска ја истакна важноста на добиената седма по ред препорака за почеток на преговорите со ЕУ. Исто така беа разговарани повеќе активности кои ги спроведува Владата со цел подобрување и унапредување на степенот на подготвеност на Република Македонија за членство во Европската Унија.
На средбата беше потенцирано дека доколку Европската комисија е подготвена да му предложи на Советот започнување на пристапните преговори, би било од големо значење не само за Република Македонија, туку и за регионот.
На крајот од средбата секретарот Блажеска истакна дека покрај овој проект Секретаријатот за европски прашања е целосно отворен за соработка со Европскиот совет за надворешни работи.