ИПА проекти
среда, 06 мај 2015 13:57
Финансиран од: Европската Унија
Опфат и цел на програмата: Поддршка на проекти за прекугранична соработка во областа на животната средина, прилагодување и олеснување на климатските промени, спречување и управување со ризик, туризам и културно и природно наследство, конкурентност, развој на бизнисите и малите и средни претпријатија, трговија и инвестиции.
ИПА II Програмата за прекугранична соработка е продолжение на ИПА I Програмата за прекугранична соработка 2007-2013. Главната цел на новата програма е да се стимулира побалансиран, инклузивен и одржлив социо-економски развој во прекуграничните области.
Првиот Повик за предлози во рамки на Програмата за прекугранична соработка ќе биде отворен наскоро (најдоцна до почетокот на летото).
Времетраење: 6 години
Вкупна вредност: 12 милиони евра