Новости
четврток, 12 март 2015 10:53
Државниот секретар за европски парашања Ана Блажеска денеска оствари средба со Државниот секретар за европска интеграција и Главен преговарач со ЕУ на Црна Гора, г-дин Александар Андрија Пејовиќ.
На средбата Државниот секретар Блажеска изрази подготвеност за продолжување и унапредување на досегашната успешна соработка во сите области од заеднички интерес. Воедно истакна дека соработката со Црна Гора е особено важна за Република Македонија која ќе придонесе кон натамошно јакнење на капацитетите на македонската администрација за спроведување на критериумите и стандардите на ЕУ.
Преку размената на искуствата од преговорите на Црна Гора со ЕУ како и од усогласувањето на европското законодавство во различни области се овозможи зајакната соработка во заедничките подготовки за членство на двете земји во ЕУ.
Двајцата соговорници истакнаа дека добрата соработка помеѓу двете земји во рамки на процесот на европска интеграција и понатаму ќе продолжи, и дека со заеднички пристап и поддршка ќе придонесат во подобрување на состојбите и реализацијата на реформите во секоја општествена сфера.