Новости
понеделник, 23 февруари 2015 11:27
На 22 февруари, во просториите на Градското Собрание во Скопје, се одржа завршниот настан на шестата по ред симулација на Модел европски парламент.
На настанот свое обраќање имаа Заменик Претседателот Бесими, Н.Е. Амбасадор на Кралството Шпанија, г-д Каранза и Директорот во Меѓународните училишта Нова, г-дин Новаковски.
Вицепремиерот Бесими во своето обраќање истакна дека со текот на годините се докажа стабилноста и квалитетот на овој модел и заради тој квалитет во иднина очекува да не се запре тука, очекува поголемо јавно присуство на истиот.
“Освен тоа што се стекнавте со знаење, искуство и нови пријателства, Вие креиравте заедница. Ова е начинот на кој се креираат вредности. На овој начин ја креирате вашата иднина, вашата Македонија“ – истакна Бесими, поттикнувајки ги младите дебатери да размислуваат во насока на што поголема поврзаност и на тоа нивниот глас, нивните Резолуции, да бидат слушнати и во јавноста.
Н.Е. Каранза говорејки за идејата за суперанационализам, во насока на делење, наместо губење на суверенитетот и релацијата на Европската Унија со земјите од Западен Балкан, истакна “ова што го гледам пред мене е културата на Европската Унија, луѓе седнати заедно, разговараат, преговараат во насока на изнаоѓање решение. Од страна на Директорот Новаковски беше истакната битноста од напорна работа, а не празното потпирање на таленти и вродени вештини во насока на постигнување на резултати.
Модел европски парламент – Македонија е програма за средношколци која функционира како дел од дополнителната наставна програма во средните училишта во Република Македонија. Преку практично симулирање на работата на Европскиот Парламент оваа програма им овозможува на учениците да се постават во улога на парламентарци во парламентот на ЕУ и преку овие симулации да развиваат вештини како дебатирање, јавно говорништво, лобирање, пишување резолуции и многу други вештини.
Националната симулацијата на Европскиот парламент е настан кој се одржува два пати во годината , започнувајки од 2012 година на кој учество земаат 80 средношколци и 20 професори од 20 средни училишта од Република Македонија, во организација на Меѓународните училишта „НОВА“, а подржан од страна на ЕУ инфо центар, Град Скопје и СЕП. Најдобрите пет делегати од симулацијата ќе имаат можност да учествуваат на Интернационалната сесија на „Модел европски парламент“.
Секретаријатот за европски прашања во континуитет го поддржува настанот во рамки на својата Кампања “ Младите за Европа“, во рамките на која првонаградените петмина дебатери поминуват еден работен ден со Вицепремиерот Бесими и вработените во Секретаријатот за европски прашања.