Новости
петок, 30 јануари 2015 15:03
На 29 јануари 2015 во просториите на Секретаријатот за европски прашања се одржа презентација на тема „Децентрализирано управување со ЕУ фондови: искуствo на Долна Нормандија“.
Настанот го отвори г-ѓа Ана Блажеска, Државен секретар во Секретаријатот за европски прашања и нејзината екселенција г-ѓа Лoрен Oер, амбасадор на Република Франција во Република Македонија. Презентацијата ја одржa г. Александар Фоло, директор за европски и меѓународни прашања на регионот Долна Нормандија, со која се даде приказ на организацискиот модел на Регионот на Долна Нормандија која управува со ЕУ фондовите и со фондовите за кофинансирање на Франција за проекти кои се имплементираат на територијата на регионот, како и областите/оските во кои тие се имплементираат. Учество на презентацијата зедоа претставници од државните институции на локално, регионално и централно ниво од Република Македонија.
Регионот Долна Нормандија, преку нејзината канцеларија за децентрализирана соработка се скоро две децении присутни во Република Македонија и успешно спроведоа низа програми во тој период со што оставија свој печат во промовирањето и соработката на општините во Република Македонија со невладиниот сектор, како и во однос на збратимувањето на градовите, со градови од Долна Нормандија.