Новости
четврток, 13 февруари 2014 17:19
Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, денес 13 февруари 2014, се сретна со известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, г-дин Ричард Ховит.
На почеток на состанокот вицеремиерот Бесими изрази задоволство од препораките содржани во Резолуцијата на Европскиот парламент, а кои се однесуваат на одредувањето на датум за почеток на пристапните преговори , започнување на процесот на скрининг, како и оценката дека Република Македонија претставува функционална пазарна економија.
ЗПВРМ Бесими ја истакна важноста од продолжување на Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Република Македонија и Европската унија, како механизам за оддржување на моментумот на реформскиот процес и информираше за намерите на Владата во наредниот период да се фокусира на неколку клучни приоритети од ПДВН.
Истото беше поздравено од страна на г-динот Ховит кој наведе дека од огромна важност е во наредниот период да се покаже вистински напредок во неколку клучни области, како што е слободата на изразување, деблокирање на работата на Работната група на Собранието на Република Македонија, спроведувањето на фер и демократски избори итн.
Европратеникот Ховит се осврна и на важноста од обезбедување на инклузивност на процесот, особено во однос на учеството на невладиниот сектор и Собранието.