Новости
четврток, 13 февруари 2014 17:15
Секретаријатот за европски прашања беше домаќин на првонаградените пет средношколци учесници на националната симулацијата на Европскиот парламент во Република Македонија.
Mладите дебатери како награда имаа можноста да присуствуваат и учествуваат на сите официјални состаноци во текот на работниот ден на Вицепремиерот Бесими меѓу кои беа средбата со европратеникот и известувач за Република Македонија во Европскиот Парламент, г-дин Ричард Ховит, дебатата со студентите од државните универзитети, ИПА меѓуресорскиот координативен состанок, како и на состаноци со сектори на Секретаријатот за Европски Прашања со цел поблиску да се запознаат со начинот на работење на СЕП како и лично на Вицепремиерот Бесими .
Модел Европски Парламент – Македонија е програма за средношколци која функционира како дел од дополнителната наставна програма во средните училишта во Република Македонија. Преку практично симулирање на работата на Европскиот Парламент оваа програма им овозможува на учениците да се постават во улога на парламентарци во парламентот на ЕУ и преку овие симулации да развиваат вештини како дебатирање, јавно говорништво, лобирање, пишување резолуции и многу други вештини.
Националната симулацијата на Европскиот парламент е настан кој се одржува секоја година, на кој учество земаат 100 средношколци од 20 средни училишта од Република Македонија, во организација на меѓународните училишта „НОВА“, а подржан од Секретаријатот за европски прашања во рамки на иницијативата “Младите за Европа”