Новости
вторник, 28 јануари 2014 10:32
Денес во рамките на седницата на Поткомитетот на Работниот комитет за европска интеграција, предводена од Државниот секретар за европски прашања, Јован Андоновски, беше одржана презентација на Деловникот за работа на Работната група од Националната програма за усвојувањето на европското законодавство (НПАА) 23 Правосудство и фундаментални права.
Имајќи во предвид дека процесот на преговори со Европската унија претставува комплексен процес кој вклучува голем број на државни институции и засегнатите страни, а во насока на успешно спроведување на истите, потребна е целосна подготвеност на сите инволвирани страни со воспоставени процедури, правила и структури пред нивниот формален почеток, носењето на еден ваков документ е од големо значење за оперативните структури.
Овој Деловник ќе помогне на работната група одговорна за поглавјето правосудство и фундаментални права поефикасно и поефективно да ги извршуваат задачите поврзани со исполнување на критериумите за членство предвидени за ова поглавје. Во таа насока, ќе им овозможи на членовите на работната група да имаат подобра координација во процесот на усогласување со законодавството на ЕУ и конечно ќе постави модел за другите работни/преговарачки групи за останатите поглавја.
Оваа активност СЕП ја реализираше во соработка со Фондацијата Конрад Ауденауер и Асоцијацијата за развојни иницијативи.