Новости
вторник, 19 ноември 2013 15:18
Заменик Претседателот на Владата задолжен за Европски прашања, д-р Фатмир Бесими денеска оддржа говор на конференцијата “Европските Проекти – Словенското искуство” организирано од Општина Чаир во партнерство со глобалната економска мрежа КЕН и Стопанската Комора на цеверозападна Македонија.
Целта на конференцијата беше да се информираат заинтересираните општини, бизнис компании и невладини организации за начинот и за најуспешниот пат за аплицирање за финансирање на проекти и инвестиции.
Конкретно се разговараше за Програмата на ЕУ “Хоризонт 2020”, која претставува финансиски инструмент на ЕУ со кој се подржува истражувањето и иновациите со крајна цел за економски раст, креирање на нови работни места и конкурентност на Европа. Оваа програма располага со буџет од над 70 милијарди евра и ќе трае од 2014-2020 а нејзината прва рунда за апликации ќе се објави на 11 Декември оваа година.
Проектите и искуството што го имаме покажува дека е тешко да се креират партнерства, но тие носаат соработка и придобивки за постоечки проекти. Овие партнерства ја помагаат земјата со додавање на повеќе субјекти на подржувачи на Македонија во Брисел и во главните градови членки на ЕУ и токму оваа го нуди Хоризонт 2020” изјави вицепремиерот Бесими во своето излагање на конференцијата на која учесници беа градоначалници на повеќе општини на Република Македонија како и претставници на бизнис секторот на Македонија.