Новости
четврток, 07 ноември 2013 16:32
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, денеска оствари средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија, Н.Е. Гудрун Штајнакер.
На средбата соговорниците разговараа за процесот на интеграција на Република Македонија во Европската Унија како и за препораките кои произлегуваат од извештајот на ЕК а кои претставуваат приоритет за Република Македонија пред декемврискиот Совет на ЕУ и тоа политичкиот дијалог, дијалогот со новинарите, независно судство, меѓуетничките односи и отворените прашања со соседите.
На состанокот на вицепремиерот Бесими со Амбасадорот Штајнакер тема на разговор беше и последната средба на медијаторот Нимиц со канцеларката Меркел.