Новости
четврток, 26 септември 2013 15:28
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, г-дин Фатмир Бесими, денеска оствари работна средба со г-ѓа Бароница Францис Д’Соуза, Лорд, Спикер на Домот на Лордовите на Парламентот на Обединетото Кралство.
Во рамките на состанокот Бароницата Д’Соуза истакна дека Обединетото Кралство е екстремно силен подржувач на Република Македонија и нејзиното европско интегрирање, како и на Процесот на проширување на Европската унија во целост.
Вицепремиерот Бесими во разговорите се осврна на силната заложба на владата во поглед на остварување на реформите со цел приближување кон европската унија, како и напорите кои Република Македонија ги презема во однос на натамошното унапредување на добро-соседските односи и регионалната соработка, како и во однос на надминување на спорот со името со Република Грција.
„Од особено значење за нашиот народ и владата ќе претставува добивањето на датум за отпочнување на преговорите, кој ќе го охрабри и поттикне понатамошниот реформски процес, како и волјата на граѓаните за пристапување во Европската унија, во таа насока, бараме поддршка да ни биде овозможено да отпочнеме со преговарачкиот процес за полноправно зачленување во Европската унија, при тоа решението за билатералните прашања да се најде пред полноправното зачленување во истата“, истакна Бесими. Ова беше дел и од мартовскиот Извештај на Комитетот за Европска Унија при Домот на Лордовите, каде што беше потенцирана важноста на понатамошното проширување на ЕУ, базирана врз принципот на градење на економски раст и зголемување на безбедноста на континентот.
Имајќи ја пред вид поддршката од страна на Обединетото Кралство во поглед на континуираниот процес на проширување на Унијата, како и нејзиниот став дека Европската унија треба да ја испочитува својата обврска кон земјите од Балканот за добивање членство по исполнување на критериумите, како и дваесет годишната успешна дипломатска соработка со Обединетото Кралство, добивањето на кандидатски статус на Република Македонија, токму за време на британското претседателство со Европската унија, очекуваме силна поддршка и лобирање во поглед на добивање на датум за отпочнување на преговори со Европската унија, како и интензивирање и унапредување на билатералните односи и соработката во сите сфери од заемен интерес.