Со компонентата за регионален развој се поддржуваат земјите за развој на политики, како и за подготовка за спроведување и управување со кохезивната политика на Заедницата, особено за нивна подготовка за Европскиот фонд за регионален развој и Кохезивниот фонд.
Цели на оваа компонента се:
- Подготвување на земјите - кандидатки за програмирање, спроведување и управување со Структурниот фонд и Кохезивниот фонд.
- Спроведување на проекти кои се во согласност со приоритетите на Заедницата и националните приоритети, особено во секторите на транспорт и животна средина.
Генерално, компонентата поддржува 3 главни области: транспорт, животна средина, регионална конкурентност, меѓутоа Република Македонија е влезена во две од нив т.е. транспорт и животна средина преку:
- Проекти за транспортна инфраструктура, која се фокусира на поврзување со ТЕН-Т мрежите;
- Проекти од животната средина поврзани со управување со отпад, водоснабдување, градски отпадни води и квалитет на воздух, енергетска ефикасност, обновлива енергија и непречен урбан транспорт;
- Преструктурирање на индустриските зони, вклучувајќи санација на загадените локации и земјиште.
- Стратешката цел на ОПРР е да се подобрат условите за одржлив развој на Република Македонија преку подобрување на транспортната и инфраструктурата на животната средина за подобра комуникација соседите, но и обезбедување на квалитет на животот и економски развој.
Првата Оперативна програма е изготвена за периодот 2007 -2009 и потпишана е Спогодба за финансирање за соодветниот период. Оваа Оперативна програма е модифицирана два пати и тоа за периодот 2010 -2011 и 2012-2013.
Сите документи за соодветните програмски периоди се дадени на линковите подолу.
2012-2013
2010-2011
2007-2009