Новости
вторник, 04 март 2025 02:30
Заменик-министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ, Викторија Трајков денеска, во рамките на работната посета на Унгарија каде учествуваше на унгарско – македонскиот меѓувладин самит во Будимпешта, се сретна со унгарскиот министер за европски прашања, Јанош Бока.
При тоа, заменик-министерката за европски прашања, Трајков се заблагодари на унгарскиот министер за европски прашања, Бока за помошта од Унгарија со којашто се отворат нови можности за развој на нашата држава.
Заеднички беше потенцирана подготвеноста за продлабочување на соработката меѓу двете земји во повеќе сектори, со што ќе се забрзаат реформските процеси на нашата држава, а со тоа и ќе се олесни пристапниот процес.
На состанокот беше заклучено дека Унгарија и понатаму ќе продолжи да ја поддржува нашата земја во реализација на процесите за што поскоро приклучување кон ЕУ.