Политики
петок, 06 декември 2024 02:25
Министерството за европски прашања, поаѓајќи од заложбите за обезбедување на почитувањето на уставноста, законитоста, професионалниот интегритет, транспарентноста и заштитата на човековите слободи и права, ја усвои Политиката за интегритет.
Што претставува интегритет?
Под интегритет се подразбира законито, независно, непристрасно, етичко, одговорно и транспарентно вршење на работи со кои службените лица го чуваат својот углед и угледот на институцијата во која се одговорно лице, односно се вработени, ги елиминираат ризиците и ги отстрануваат сомневањата во можноста од настанување и развој на корупција и со тоа обезбедуваат доверба на граѓаните во вршењето на јавните функции и во работата на јавните институции.
Зошто ја прифаќаме Политиката на интегритет?
Прифаќањето на Политиката на интегритет е прв чекор и главен механизам за одредување на нивото на интегритет и воедно, најважната алатка за зајакнување на интегритетот.
Засилувањето и подигнувањето на интегритетот е заедничка мисија и одговорност на сите институции во системот и на сите нивоа на власт.
Лице за координација на процесот на имплементација на политика на интегритет
Билјана Стојаноска Дочински
e-mail: biljana.stojanoska@sep.gov.mk
Заштита на јавниот интерес и спречување на судирот на интереси
Лице кое известува неправилности и сомнежи за измами или корупција
Енис Зеќири
e-mail: enis.zekiri@sep.gov.mk
Лице за водење на евиденција, прием, складирање и чување на подароци
Емша Демир
e-mail: emsha.demir@sep.gov.mk
Почитување на етичкиот кодекс кој е релевантен за позицијата на службеното лице
Управување со човечките ресурси врз основа на систем на заслуги и квалификации
Наменско, рационално и ефикасно управување со јавните ресурси
Транспарентност и пристап до информации од јавен карактер
Заштитено пријавување од укажувачи
Лице за постапување за заштитено надворешно и внатрешно пријавување
Управување со квалитетот
Лице за координација на процесот на спроведување на Методологија за оценка на индекс на квалитет на институциите
Валентина Јаневска
e-mail: valentina.janevska@sep.gov.mk