Новости
четврток, 17 октомври 2024 04:00
Заменик министерка за европски прашања и заменик главен преговарач на Република Северна Македонија Викторија Трајков оствари повеќе билатерални средби при дводневната посета на Брисел.
„За Северна Македонија да успее внатре и требаат пријатели од надвор, ние ги имаме. Работиме посветено и неуморно кон нашата цел за исполнување на условите и спроведување на реформите кон членство на ЕУ, кажа Трајков.
На средбите во Брисел Трајков нагласи дека Северна Македонија е срцето на Западен Балкан и треба што поскоро да се приклучи кон европското семејство.
„Ни треба подобрување на животниот стандард на граѓаните и забрзување на економскиот раст, да се отворат повеќе работни места, да се донесат странски инвеститори кои нема да се двоумат да инвестираат во земјава. Северна Македонија ќе ја направиме убаво место за живеење, рече Трајков.
Да се реализираат овие цели, Трајков на средбите потенцираше дека земјава продолжува кон реформскиот пат кон ЕУ со уште поголем жар. Истовремено истакна дека треба да се најде решение кое ќе го одблокира процесот за отпочнување на преговорите со ЕУ, затоа што Северна Македонија нема да прифати уставни измени под бугарски диктат. Затоа треба да се дадат гаранции дека нема да има натамошни блокади од ваков тип.