Новости
четврток, 17 октомври 2024 02:00
Заменик министерка за европски прашања Викторија Трајков во Брисел се сретна со европратеникот Карло Реслер од Европската народна партија(ЕПП), кој истовремено е и советник за политички и правни прашања на претседателот на хрватската Влада предводена од ХДЗ.
Заменик министерката Трајков упати и честитки до Карло Реслер за неговиот избор за копретседавач на Мешовитиот парламентарен комитет за соработка меѓу Северна Македонија и Европската Унија.
„Преку конструктивен дијалог на сите чинители ќе успееме да најдеме достоинствени решенија за предизвиците. Нашиот дијалог е важен за заедничките европски приоритети и напредокот на нашата земја кон Европската Унија, изјави Трајков.