Новости
понеделник, 07 октомври 2024 02:00
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, Рафаел Сориано Ортиз, на која беа потврдени пријателските билатерални врски и разгледани прашања за продлабочување на билатералната соработка. Соговорниците ја подвлекоа важноста од тесна меѓусебна соработка во клучни области од заемен интерес.
Билатералната соработка беше исто така во фокус на разговорите, при што Муртезани и Сориано Ортиз ја нагласија потребата за понатамошен развој на врските во области како реформа на јавната администрација, добро управување и владеење на правото. Посебно внимание беше посветено на можностите за продлабочување на соработката во сектори што се усогласени со реформската агенда на Северна Македонија и целите поврзани со Европската Унија.