Новости
понеделник, 07 октомври 2024 01:00
Денес, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани оствари средба со Шефица на канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија, д-р Афродита Шаља. На состанокот се разговараше за продолжување и продлабочување на соработката во рамките на тековната Програма на УНФПА за нашата земја 2021-2025, согласно Рамката за одржлив развој на ОН 2021-2025.
Соговорниците се задржаа и на активностите кои ЕУ ќе ги поддржи преку Повеќегодишната оперативна програма за човечки капитал за периодот 2024-2027 година, која предвидува бројни акции посветени на вработување и мобилност на работната сила, социјална вклученост и намалување на сиромаштијата. На крај соговорниците е согласија за понатамошно унапредување на партнерството и соработката во насока на зајакнувањето на родовите прашања, младите и нееднаквостите.