Новости
петок, 16 август 2024 04:50
Министерот за европски работи, Орхан Муртезани, денеска се сретна со амбасадорот на Бугарија во Северна Македонија, Ангел Ангелов, по повод завршувањето на неговиот мандат во земјата. Во тој контекст, акцентот на состанокот беше ставен на билатералните односи и модалитетите за идни соработки.
Двете страни ја потврдија својата посветеност на понатамошната соработка во области од заеднички интерес, вклучувајќи и истражување на можности за соработка во рамките на реформите поврзани со ЕУ. Министерот Муртезани му посака успех на Амбасадорот во неговите идни активности.