Новости
четврток, 08 август 2024 08:14
Во Министерството за европски прашања се одржа првиот состанок на Стратешкиот Одбор на проектот „Поддршка на Северна Македонија за пристапување во ЕУ“, финансиран од Кралство Шведска (Сида) и Швајцарија, а имплементиран од канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) во Скопје.
Во своето обраќање Заменик Министерката г-ѓа Трајков, ја потенцираше важноста на проектите во спроведувањето на реформите и ја изрази својата благодарност за поддршката од страна на долгогодишните партнери Кралството Шведска, Швајцарската Конфедерација и УНОПС.
Спроведувањето на овој проект е значаен за процесот на пристапување на земјата, а резултатите даваат јасна стратешка рамка со дефинирани цели и задачи.
Овој проект е многу важен за Министерството за европски прашања и истиот обезбедува поддршка во процесот на пристапување на земјата, не само за Министерството туку и за Парламентот, Министерството за животна средина и просторно планирање, Канцеларијата на Заменик на Претседателот на Владата за добро владеење и за сите релевантни институции во овој процес.
Главната цел на проектот е ефикасен и ефективен процес на пристапување на земјата во Европската Унија, давајќи директна помош при подготовка на националната верзија на acquis, надградба на НПАА платформата, техничка помош за усогласување на законодавството со ЕУ правото и јакнење на административните капацитети со ангажман на национални и меѓународни експерти.
Присутните на првиот состанок на Стратешкиот одбор заклучија дека партнерството меѓу МЕП, Кралството Шведска, Швајцарија и УНОПС е одличен пример за посветеноста, блиската комуникација и соработката при имплементирање на проекти, со искрени заложби дека ваквото партнерство ќе продолжи и понатаму.