Новости
вторник, 30 јули 2024 09:12
На денешната седница на Владата на Република Северна Македонија, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, ги запозна членовите на Владата со користењето на средствата достапни преку Европската Унија, со фокус на користењето на ИПА II и ИПА III фондовите.
По разгледувањето на Информацијата и деталите во контекст на бавното спроведување и неискористените ИПА средства, како и стратешките мерки за јакнење на ИПА капацитетот преку нови вработувања и Политиката за задржување на кадарот во ИПА структурата, кои беа детално елаборирани на денешната прес-конференција на МЕП Муртезани, Владата ги задолжи релевантните Министерства за соодветно планирање и реализирање на вработувањата. Министерството за европски прашања е задолжено да го финализира текстот на Политиката за задржување на кадарот во ИПА структурите согласно насоките на Европската комисија, најдоцна до октомври 2024 година.