Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска имаше средба со Армен Григорјан, Постојан претставник на УНДП во Северна Македонија, на која беше реафирмирана посветеноста за унапредување на соработката меѓу Северна Македонија и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во остварувањето на аспирациите на земјата за просперитетна иднина усогласена со европските стандарди.
Министерот Муртезани ја истакна спремноста на Министерството за европски прашања и Владата за унапредување на агендата за европска интеграција и спроведување на реформите клучни за постигнување на целите за одржлив развој (SDGs). Тој ја нагласи успешната соработка со УНДП и ОН агенциите низ годините, како наш партнер во постигнувањето на инклузивен и одржлив развој и реформските цели, произлезни од националните приоритети. Муртезани додаде дека соработката со УНДП е одличен пример за инклузивна донаторска соработка која ги вклучува сите релевантни заинтересирани страни како националната и локалната власт, донаторите, приватниот сектор, медиумите, како во процесот на планирање, така и во процесот на реализација.
Армен Григорјан го потенцираше напредокот на Северна Македонија во различни сектори и ја нагласи континуираната поддршка на УНДП за развојните приоритети на земјата. Тој ја подвлече важноста на иницијативите за соработка во справувањето со предизвиците како што се климатските промени, зајакнувањето на социјалната инклузивност и економската конвергенција кои се приоритети на УНДП за земјата.
Дискусиите на состанокот беа фокусирани и на тековните проекти поддржани од УНДП, чија цел е зајакнување на институционалните капацитети и промовирање на инклузивен раст во земјата. Соговорниците разговараа и за можностите за понатамошно проширување на соработката, искористувајќи ја експертизата и ресурсите за максимално влијание и бенефит за сите граѓани. Тој заклучи дека УНДП е тим кој е присутен на терен за да помогне и дека е партнер на Република Северна Македонија во спроведувањето на ИПА и на Реформската агенда.