Новости
вторник, 11 јуни 2024 06:22
Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ со свое обраќање на работилницата за повеќе земји на TAIEX, на темата „Како да се постигне успех во пристапниот процес кон Европската Унија: Најдобра пракса, напредок и предизвици на земјите кандидати со фокус на основите на Кластер 1 - Реформа на јавната адинистрација во Северна Македонија.“
„За да продолжиме со успешно реализирање на процесот, треба да ја исполниме преостанатата обврска, тоа се уставните амандмани, бидејќи има позитивен моментум за проширувањето и сакаме да бидеме меѓу оние земји што побрзо ќе влезат во унијата“.
Документите беа подготвени на инклузивен и транспарентен начин со вклученост на сите релевантни институции и консултирани со релевантните тела во Собранието (Националниот совет за интеграција во ЕУ и Комитетот за европски прашања) со граѓанскиот сектор, бизнис секторот и академијата.
Дополнително, во завршна фаза е изготвувањето на Патоказот за функционирање на демократските институции (кој не е воведен репер, туку е услов) кој ги опфаќа областите на изборите, работата на парламентите и граѓанското општество.
Она што го сметаме за предност е фактот што во изминатите години континуирано се работи на усогласување на националното законодавство и затоа усогласеноста на Северна Македонија со правото на ЕУ е на генерално добро ниво. Според анализите, степенот на усогласеност е околу 45-50%, а во некои поглавја можеби и повеќе, што е одлична основа за натамошно поголемо усогласување со правото на ЕУ.„ - рече Маричиќ.
Значењето и улогата на Реформи на јавната администрација дополнително се зајакнаа со новата методологија за пристапување од 2020 година, при што реформата на јавната администрација за првпат беше воведена како област во пристапните преговори.
За крај вицепремиерот нагласи дека реформата на јавната администрација заедно со управувањето со јавните финансии се исто така приоритетни области во рамките на Реформската агенда на Планот за раст. Исполнувањето на Реформската агенда ќе биде основа за исплата на помошта. Планот за раст за Западен Балкан ќе обезбеди забрзано доближување на нашите економии и намалување на разликите со економиите на членките на ЕУ.
На работилницата учество земаа министрите за европски прашања на земјите кандидати за ЕУ, претставници од ТАИЕКС при Европската Комисија, претставници на земји членки на ЕУ и други релевантни експерти.