Новости
вторник, 28 мај 2024 06:29
Првиот заменик претседател за европски прашања Бојан Маричиќ денес оствари средба со Јанос Бока, министерот за европски прашања на Унгарија.
На средбата се говореше за приоритетите на унгарското претседателство со цел зајакнување и поддршка на процесот на европските интеграции на Северна Македонија во периодот што следи. Унгарија како претседавач ќе биде фокусирана на проширувањето на Европската Унија со земјите кои се дел од пакетот за проширување со фокус на Западен Балкан и Северна Македонија и со посебен акцент на спроведување на реформите.
Унгарија претседава со Советот на Европа од 1 Јули 2024 до крајот на годината.
Вицепремиерот Маричиќ изјави дека државата мора да го продолжи процесот на евроинтеграција, кој е дел од меѓународните заложби и обврски за просперитет на регионот, Европа и сите граѓани на државата.
Превземањето на обврските и исполнувањето на долгорочните планови со Европската Комисија се од витално значење за прогрес на државата, меѓународните стратешки партнери и за развојот на геополитичката мапа на регионот и Европа.
Маричиќ ја истакна важноста од носење на важни одлуки за понатамошно реализирање на стратешките цели на Северна Македонија и регионот за која се залагаат и земјите членки на ЕУ, регионот на Западен Балкан и сите стратешки партнери на државата.
На средбата во фокус беше и одлучноста односно заложбата на Европската Комисија за Планот за раст за земјите на Западен Балкан, можностите и конкретните мерки со кои земјите кои се дел од Планот за раст ќе ги почувствуваат придобивките од неговата имплементација во претпристапниот период се до полноправно членство во унијата, каде што природно, географски и идеолошки припаѓаат.
Вицепремиерот Маричиќ и министерот Бока се сложија дека во последните 2 години беа постигнати значајни резултати во процесот на евроинтеграција на Северна Македонија, со реализација на скрининг процесот, отпочнувањето на преговорите за државата и комплетната подготовка за реализација на европската агенда на државата.
Европската интеграција мора да продолжи со превземањето на обврските на патот кон ЕУ со кои државата ќе се движи во правец на прогрес и значаен развој. Реализацијата на Планот за раст е исклучително важен процес, бара детално и вредно вклучување на сите капацитети со големи придобивки за државата и за сите граѓани во неа - рече Маричиќ.