Новости
понеделник, 22 април 2024 02:56
Денес, на покана на Вицепремиерот Маричиќ, вработените во Секретаријатот за европски прашања заеднички го разубавуваа, дворот и околината на СЕП, со засадување на цвеќиња и дрвца на јавната површина пред зградата на институцијата.
Со заедничка посветеност на грижата за животната средина, тимот се собра да засади цвеќиња, дрвца и го уреди зелениот простор околу.
Иницијативата, предводена од првиот заменик претседател на Владата, ги нагласува тековните напори на организацијата за промовирање на свесни практики за разубавување и одржување на зелените површини и позелена животна средина.
Со активно учество во активноста по повод Денот на планетата Земја, вработените ја покажаа својата посветеност на одржливост и здружено ангажирање на заедницата.
„Веруваме дека малите акции можат да направат голема разлика“, рече Вицепремиерот Маричиќ.
„Нашите заеднички напори денес не само што придонесуваат за поживописна околина, туку и ја симболизираат нашата посветеност за зачувување на планетата Земја за идните генерации.
Преку тимска работа и заедничка посветеност за зачувување на животната средина, Секретаријатот за европски прашања поставува инспиративен пример за сите институции. Како поборници за позитивни промени и европски вредности, вработените во секретаријатот продолжуваат да даваат приоритет на одржливоста, охрабрувајќи ги другите институции да им се придружат во делувањето за Денот на планетата Земја.