Новости
петок, 15 март 2024 05:55
На денешната координативна средба со претставници на канцлеариите за дијаспората од општините во Северна Македонија Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ разговараше за предизвиците со кои се соочува македонската дијаспора во странство.
На состанокот присутните дискутираа за систематско утврдување на приоритетите на дијаспората; обезбедување на механизам на соработка кој ќе биде од заемна корист за државата и дијаспората.
Предизвиците со кои се ссочува дијаспората се обезбедување на документи, определување на работниот стаж и остварување на правото за пензија и други. На состанокот присутните разговараа за изнаоѓање на прагматични решенија за Македонците во странство. Беше дискутирано, преку стратегијата за дијаспората, да се организираат работилници на Кои ќе се презентираат предизвиците но и решенијата за прашањата.
Вицепремиерот Маричиќ ја истакна важноста од редовна комуникација на дијаспората со Владата со цел изнаоѓање на решенија со кои ќе се надминат предизвиците со кои се соочуваат Македонците надвор од државата. Решенијата треба да бидат адаптирани согласно државата во која се исселени согласно системот во кој живеат. Важно е да се фокусираме на приоритетите, вадење на документи и дефиниција на стажот на секој иселеник - рече Маричиќ.
На состанокот присуствуваа и националниот координатор за дијаспората, Фатон Асани, Државниот секретар на Министерството за надворешни работи Филип Тосески, и 20тина претставници од општините низ државата.