Новости
среда, 28 февруари 2024 04:26
Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ денес учествува на состанокот на вицепремиери и министри за европски прашања на Западен Балкан во Тирана, Албанија, каде што е во тек Лидерскиот самит за проширување на ЕУ.
Состанокот се одвива во повеќе сесии кои ќе бидат посветени на различни теми поврзани со Планот за раст на Западен Балкан. За добредојде средбата ја отвори Мајлинда Дука, државна министерка и главен преговарач со ЕУ
Првата сесија Патоказ за Новиот План за раст за Западен Балкан, беше предводена од Герт Јан Копман, Генерален директор на Генерален директорат за соседство и преговори за проширување на ЕУ, понатаму сесијата со наслов Напред кон раст и приклучување во ЕУ каде што свое обраќање ќе има Вицепремиерот Маричиќ и последната сесија за информирање и реализација на Планот за раст предводена од Валентина Суперти, Директорка задолжена за Западен Балкан, во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување
На состанокот стратешки се планираат следните чекори за спроведување, планирање и остварување на Планот за раст за Западен Балкан. Главна цел на состанокот е да се определат стратегиите на Европската Комисија и земјите кандидати за членство во ЕУ, да се усогласат мерките со цел успешна реализација на Планот за раст за забрзано интегрирање, да се определат предностите и приоритетите и следните акции за успешна реализација на полноправното членство во ЕУ на Северна Македонија и другите земји кандидати од регионот.