Новости
четврток, 22 февруари 2024 06:39
Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, присуствуваше на потпишувањето на договорот за странска помош од Јапонија, организирана од јапонската амбасада и амбасадорот Казуја.
„Во овој период Јапонија има обезбедено голема поддршка, преку официјалната развојна помош, во повеќе значајни сектори за граѓаните како што се здравство, образование, развој на локалните заедници, но и значајна техничка и експертска помош како и стручно унапредување на администрацијата во различни области. Преведено во средства, тоа би значело над 265 милиони евра од даночните обврзници на Јапонија, кои се имплементирани преку финансирање на разни проекти наменети за подобрување на животот на нашите граѓани во различни области.“
На церемонијата организарана од јапонската амбасада домаќин беше амбасадорот Оцука Казуја, а присуствуваа министерката за животна средина Шукова, министерот за здравство Демири, и со видео обраќање се обрати министерот Османи, како и градоначалниците и крајните реципиенти на проектите со кои се потпишуваат договорите.