Новости
четврток, 25 јануари 2024 04:00
Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ денес одржа работна средба со амбасадорот на Кралството Белгија за Македонија, Фредерик Мурис.
Вицепремиерот ја истакна посветеноста со која како што рече тој: Ние не се откажуваме од исполнувањето на условите за свикување на Втората Меѓувладина конференција. Планот за раст на Западен Балкан е подадената рака на Европската Комисија за која сериозно и темелно се подготвуваме, многубројните придобивки од спроведување на Планот за раст во регионот и државата ќе бидат вистинска трансформација за нашите општества и граѓаните.
Маричиќ и Мурис веруваат дека со посветена и темелна работа на администрацијата, свесно и совесно раководење на сите политички структури во државата, успехот за пристапување во ЕУ е неминовен, реален и достижен.