Новости
понеделник, 18 декември 2023 03:55
Заменик претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ денес учествуваше на настанот со наслов „Геополитичко проширување на ЕУ: Нови можности, стари ризици?“ на темата за новиот геополитички контекст, нови можности, исти ризици, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт - канцеларија Скопје и ПолитикУм - Институт за одржливи и иновативни политики.
На почеток Вицепремиерот Маричиќ се осврна за самитот во Брисел односно Европскиот совет истакнувајќи дека самитот за Западен Балкан од минатата недела, не донел апсолутно никакви изненадувања за нас.
-Јас сум изненаден кога ќе видам дека некој е изненаден од тие заклучоци. Вратете ги сите мои изјави, на Премиерот на кој било владин преставник или кој било кој ја разбира Европската Унија и политиката на Европската Унија, каде што уште од Јуни месец најавувавме дека, најавуваме дека ќе има отворање на преговорите за Украина и Молдавија во декември и дека ќе има свикување на меѓувладина седница за нас и Албанија доколку ги исполниме соодветните услови.
- Се случи отворање на преговорите за Украина и Молдавија, под тешки услови, вистина тоа беше малку изненадувачки под потешки услови од колку што очекувавме но тоа се случи. ЕУ со тоа го исполни своето ветување и определбата дека има нов моментум, односно нов геостратегиски поттик на политиката на проширување, не остана само на зборови и се покажа на дело со отворањето на преговорите за Украина и Молдавија. - рече Маричиќ
Понатаму Вицепремиерот се осврна на важната одлука на Европската Комисија дека ова претставува крупен чекор имајќи предвид дека до пред две години овие држави немале преспектива за членство.
Во продолжение Маричиќ напомена дека треба да покажеме поддршка кон Европската Комисија, задоволни од она кое што се нуди
„Тоа значи дека ЕУ е подготвена да разговара за проширување. Ние сме удриле многу пати во ѕидот околу ова прашање и кога сме биле во право и кога не сме биле во право. Во 2019 година имавме перфектно портфолио на реформи. Имавме неколку аплаузи околу извештајот, за демонтажата на ДБК и формирањето на нова ОТА со двотретински изгласан закон, за формирањето на државната комисија за спречување на корупцијата базирано на заслуги. Следно донесувањето на еден сет на закони за новиот судски совет и законот за судови со двотретинско мнозинство.
Меѓутоа сите тие аплаузи не доведоа до ефектуирање на нашиот успех со отварањето на преговорите заради недостаток на геополитички момент, односно заради одлуката на во тоа време Франција, поткрепена со Данска и Холандија и некои други држави, дека е момент за развивање на нова методологија не за отварање на преговорите.
„Оваа 2023 година, ние имавме чиста ситуација да поентираме и да бидеме ѕвезди на оној совет минатата недела заедно со Украина и со Молдавија. Можевме, имавме шанса, да прогласиме односно да оддржиме меѓувладина седница минатата недела и да прогласиме дека сме ги отвориле сите поглавја од првиот кластер. Тоа беше нашето сценарио, тоа беше нашиот план, ние лобиравме година и половина.
Наместо тоа, за жал, не го добивме она што го планиравме само од една причина. односно немаше гласање во Собранието со двотретинско мнозинство за усвојување на уставните амандмани.
И денеска кога се изненадени сите, и граѓанските организации, и сите останати треба да се потсетат за што зборувавме минатата година. Работевме на тоа и нашата борба беше фокусирана, минатата недела да го отвориме првиот кластер со сите поглавја во него.
Осврнувајќи се за скринингот, Вицепремиерот се заблагодари упатувајќи честитки до државната секретарка Дрита Абдиу Халили, која го поднесе товарот на скринингот и сите оние коишто си ја завршија својата работа прецизно, точно, така како што планиравме со Европската Комисија.
Маричиќ зборуваше за ентузијазмот со кој се одвиваше скрининг процесот, по што се очекуваше само политичката одлука во Собрание.
„Ние го завршивме скринингот успешно затоашто имавме ентузијазам. Она што го немавме е консензус за членство во Европска Унија до 2030 година. Тоа е тоа што ни треба сега, во моментот во Собранието. Тоа е тоа што треба да им се објасни на пратениците но и на граѓаните. Главната политичка битка во Северна Македонија во овој момент е битка за консензус за членство на Северна Македонија во Европската Унија до 2030 година.
„Потребно е да ги користиме шансите кои ги имаме денес, ние имаме реална можност и реален план. Но ако не го губиме времето. Секој загубен ден скапо не чини и не смееме да дозволиме…
Ние треба сите заедно со Црна Гора, Албанија и сите други што веќе преговараат да го задржиме тој статус на држава која преговара и да влеземе во 2030.Треба да се бориме да бидеме дел од таа прослава и да бидеме нова членка до 2030 година.
На настанот свое обраќање имаше и Премиерот Димитар Ковачевски, Радмила Шеќеринска - претседателка на ПолитикУм и заменик претседател на ПЕС и Петер Хуребринк, директорот на Фридрих Еберт Фондацијата во Северна Македонија.