Новости
петок, 01 декември 2023 03:06
Во изјавата за медиуми по потпишувањето на Меморандумот за развојна соработка, Вицепремиерот Маричиќ, го поздрави словенечкиот народ именувајќи ги наши пријатели, кои се секогаш гласни во силната поддршка за проширување на Европската Унија со државите од Западен Балкан. Словенија во своите заложби на посебно место ја става и како приоритет секогаш ја гледа Северна Македонија во нејзината аспирација да стане полноправна членка на Европската Унија до 2030 година.
„Словенија силно го поддржа новиот Пакет за проширување 2030, кој овој пат го вклучува и Планот за раст на економиите на земјите од Западен Балкан.
Маричиќ во изјавата се осврна на Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија за оваа година, велејќи дека Европската Комисијата упатува силна порака, да се продолжи и да се интензивира на овој пат којшто сме до сега, и да го зајакнеме доброто ниво на подготвеност. Имаме прогрес во 81% од поглавјата, а нема назадување во ниту едно поглавје. Тоа не значи дека сме завршиле се, но тоа значи дека имаме добра основа за да продолжиме понатаму.
Наредната недела го заокружуваме целосно процесот на објаснувачки и билатерални скрининзи и понатаму само од нас ќе зависи секој следен чекор во процесот и динамиката на преговорите. Прифаќањето на уставните измени останува најважен предуслов, единствен предуслов за да продолжиме понатаму, а секое одлагање и ставање во неизвесност на преговорите и на нашето полноправно членство, би била неодговорна и опасна политичка одлука.
Во изјавата Вицепремиерката Фајон се надоврза: Ги повикувам сите одговорни партии во оваа држава да ги направат овие нужни чекори како што е промената на Уставот за да може овој процес на проширување и претпристапни преговори да може да продолжи. Тоа е одговорност кон државјаните, кон граѓаните и граѓанките и тоа е клучно за да може Северна Македонија да оди напред кон ЕУ. Денес проширувањето стана геостратешка итност и затоа уште еднаш и посакувам на Северна Македонија многу храброст, многу самодоверба, цврста работа.