Новости
петок, 03 ноември 2023 01:52
Заменик претседателот на владата за европски прашања Бојан Маричиќ оддржа средба со Сем Фабрици, специјалниот претставник на комисијата за промоција на Expo 2030 во Рим, дипломатот од министерството за надворешни работи на Република Италија и амбасадорот на Република Италија во Северна Македонија, Андреа Силвестри.
На средбата во фокус беа, силната поддршка на Република Италија за нашата држава, нејзин влез во Унијата и проширувањето на ЕУ во смисла на обезбедување стабилност и безбедност на Западен Балкан и цела Европа и кандидатурата на Рим да биде град домаќин на EXPO 2030 (Светскиот саем 2030).
Од страна на соговорниците беше истакнато дека Италија, заедно со Северна Македонија, дели визија за стабилност, безбедност и раст на регионот. Двете земји како членки на НАТО, фокусирано работат на европската перспектива за Северна Македонија, истакнувајќи ја важноста од вклучување на земјите кандидати од Западен Балкан во ЕУ, и тоа со заеднички напори за премостување на предизвиците во регионот.
Стратешката цел за Италија е кандидатурата на Рим за град домаќин на Светскиот саем 2030, а темата за EXPO 2030 е со наслов „Луѓе и територии: регенерација, инклузија и иновации" која има за цел да бара нови решенија, идеи и стратегии поврзани со главните предизвици на човештвото.
Вицепремиерот Маричиќ истакна дека Северна Македонија ја поддржува Италија во својата кандидатура, Рим да биде престолнина на настанот EXPO 2030.
Соговорниците на крај ја истакнаа досегашната соработка која ќе продолжи во правец на исполнување на обостраните стратешки цели на нашите држави, со надеж за скорешно приклучување на Северна Македонија во ЕУ.