Новости
среда, 18 октомври 2023 08:31
Во продолжение на караванот „Ние сме Европа“ Вицепремиерот Маричиќ од отворената трибина во Охрид на тема: Негување на културното наследство и природната убавина за одржлив туризам изјави.
„Туризмот e на врвот на приоритетите на Европската Унија. ЕУ гледа на туризмот како на исклучително значајна економска активност со широко влијание врз економскиот раст, вработувањето и социјалниот развој.
Во обраќањето ја истакна информацијата дека туристичкиот промет покажал раст и во вториот квартал за 2023 година - и тоа раст од 28% споредбено со истиот период минатата година. Двата квартали во 2023 се со раст од 24% споредбено со претходната година, со остварен приход од 229 милиони долари од туристичкиот промет.
„Пандемијата со ковид-19 помина и туристичките номади се вратија на своите омилени дестинации и освојуваат нови. Деновиве сведочиме нови регионални извештаи според кои избиваме на врвот како најповолна дестинација за дигиталните и туристички номади“
„Туризмот е економска гранка која ја ставаме високо меѓу приоритетите за да ја направиме да биде движечка сила и стабилен фактор за зголемување на бројот на нови зелени работни места. За раст на локалниот економски развој и со развојот на регионите во меѓуграничната соработка за што добиваме огромна помош од ЕУ.“
Вицепремиерот Маричиќ ја потенцираше важноста на зелените инвестиции во туризмот со поддршка на фондовите на ЕУ што се веќе на располагање и оние кои дополнително ќе бидат на располагање за користење.
„Нашата насока во туризмот како и дел од стратешките приоритети за одржлив туристички развој со негување на културното наследство и природните убавини на нашата земја“
На отворената трибина во Охрид се обратија, Вицепремиерот Маричиќ, Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, амбасадорот на Република Словенија Грегор Прескер и директорот на агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.