Новости
петок, 17 февруари 2023 10:12
На 17 февруари – петок, со почеток од 09.30 во Центарот за обука на СЕП се одржa информативен ден за новата програма УРБАКТ, конкретно за отворениот повикот за воспоставување на мрежи за планирање на акции во рамки на УРБАКТ од страна на нашите општини градови. Настанот го отвори и го водеше Зуица Змејковска од СЕП, обраќање имаше извршниот директор на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, а презентации околу можностите за аплицирање имаа Теофил Герка, директор на секратаријатот на УРБАКТ и Марко Петерлин, национално контакт лице за УРБАКТ програмата во Словенија.
На инфо денот присуствуваа 40 учесници, претставници од општините-градови.
Повикот е пред се отворен за градовите кои имаат амбиција да соработуваат и учат од другите европски градови, во насока на развој и имплементација на интегрирани акциски планови за справување со локалните предизвици.
На повикот може да аплицираат градови и други партнери, во заедничка соработка со партнери од програмската област на програмата УРБАКТ за заеднички активности кои би придонеле кон целите на УРБАКТ програмата, односно:
Развивање и спроведување акции како одговор на локалните предизвици
Зајакнување на способностите за партиципативно и интегрирано креирање на политики на општините-градови
Потикнување на промени во општините – градови.
Повеќе детали околу повикот се достапни на официјалната страна на УРБАКТ, https://urbact.eu/get-involved