Новости
среда, 08 февруари 2023 04:30
Денес во Секретаријатот за европски прашања, државниот советник Драган Тилев оствари средба со постојаниот претставник на Финска во ОБСЕ, амбасадорот Веса Хакинен.
За време на средбата се разменија мислења за статусот на европска интеграција на Северна Македонија и напредокот и очекувањата во однос на пристапните преговори.
Финска останува принципиелен поддржувач на политиката на проширување и приклучувањето на земјите од регионот во ЕУ, вклучително и преку обезбедување на конкретна експертиза во области од заеднички интерес