SOCIEUX+
понеделник, 06 февруари 2023 09:32
SOCIEUX+ е механизам за техничка соработка основан и кофинансиран од Европската Унија од Генералниот директорат за меѓународни партнерства на Европската комисија (DG INTPA), Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (DG NEAR) и владите на Белгија, Франција и Шпанија. Механизмот се имплементира со партнерските организации: Агенција за експертска поддршка “Expertise France”, Белгиска агенција за меѓународна соработка за социјална заштита “Belincosoc”, Белгиската агенција за развој “Enabel” и Меѓународната и американската фондација за администрација и јавни политики (FIIAP).
SOCIEUX+ мобилизира европски експерти за краткорочни активности за техничка соработка со нивните колеги надвор од ЕУ и е достапен во повеќе од 160 подобни земји и територии ширум светот. Акциите SOCIEUX+ се микропроекти кои се спроведуваат преку краткорочни активности.
SOCIEUX+ обезбедува eкспертиза за социјалниот сектор во областите социјална заштита, труд, вработување и ги поддржува земјите во борбата против сиромаштијата, социјалната исклученост, ранливоста и нееднаквоста .Сотехничка подршка се обезбедува соработка помеѓу јавните и социјалните партнери. преку peer to peer мисии, експерска помош за правната рамка и обуки. Општата цел е да се прошири и подобри пристапот до подобри можности за вработување и инклузивни системи за социјална заштита. Подрачја на поддршка:
Социјално осигурување (Пензиско осигурување; здравствено осигурување; повреди и несреќи на работа; бенефиции за невработеност; семејни бенефиции; инвалидско осигурување; итн.)
Социјална помош: (Социјални трансфери; старосни бенефиции; дотации за деца и попреченост; социјални услуги; пристап до основни услуги; шеми за гарантиран приход; итн.)
Работни односи: (Пристојна работа; активни трудови политики; информациски системи за пазарот на трудот; трудови стандарди; работни услови; работни односи; социјален дијалог; итн.)
Вработување: (Сигурно вработување; служби за вработување; стручно образование и обука; пристап до вработување за ранливите групи; зелени работни места; итн.)
Видови интервенции:
Насоки за апликација:
Упатство: http://socieux.eu/wp-content/uploads/GIP_EN.pdf
Образец за апликација: http://socieux.eu/wp-content/uploads/REF_EN.docx
Чекори за аплицирање:
Во текот на аплицирањето е можно да се оствари мејл комуникација со програмата за да може да се подобри и/или дополни текстот на барањето/проектот. Во оваа комуникација посредува националното контакт лице од СЕП. Програмата трае 11 месеци и во овој период ќе има можност да се спроведат 4 мисии.
Национално контакт лице за SOCIEUX+:
Елидона Белули Имери
Виш соработник во Секторот за координација на ЕУ фондови и друга странска помош
elidona.beluli@sep.gov.mk
Тел: +389 70 409 506