Политики
петок, 30 декември 2022 12:01
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате веб – страната на Секретаријатот за европски прашања (СЕП).
Контролор на збирки на лични податоци Секретаријатот за европски прашања на Република Северна Македонија со седиште на Кеј Пресвета Богородица бр. 3, Скопје, Република Северна Македонија.
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Податоци кои подлежат на собирање
Податоци на посетители на страната www.sep.gov.mk - податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб-страна како и за одржување на информациска сигурност на веб-страната. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика за користење на колачиња.
Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Категории на податоци кои се обработуваат
1. Податоци за навигација
При посетата на интернет страната серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
IP адреса;
Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
Вашиот оперативен систем;
Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на СЕП;
Јазикот на пребарувачот кој го користите;
Држава од која пристапувате (се одредува преку IP адресата).
Серверските логови автоматски се бришат во рок од 30 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.
Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб-страна.
1. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
Личните податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб-страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите надлежности утврдени согласно со закон.
Пример: име и презиме, адреса, контакт телефон, факс, email и потпис.
Како ги собираме личните податоци
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање;
преку нашиот email
преку пошта.
Категориите на корисници на лични податоци
Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна на трети лица, освен во следните случаи:
Во случај на ангажирање на даватели на услуги, ако СЕП на Република Северна Македонија ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на СЕП на Република Северна Македонија и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на СЕП на Република Северна Македонија.
Кои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
право да бидете информирани за обработката на личните податоци
право на пристап до личните податоци
право на исправка и бришење на личните податоци
право на ограничување на обработката на личните податоци
право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашите офицери за заштита на лични податоци чии податоци се објавени на следниот линк.
Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност ќе се менува соодветно со промените на активностите во СЕП на Република Северна Македонија.