Стипендии
Од 2003 година Владата на Република Македонија започна со активностите за доделување средства за постдипломски студии во странство во областа на ЕУ, нејзините политики, историјат, институции, право и економија. Целта на обезбедување на финансиски средства за испраќање на млади кадри на доспецијализација од областа на ЕУ и европската интеграција е градење и јакнење на професионални вештини на државните службеници ангажирани на процесот на ЕУ, но и прибирање на нови кадри коишто ќе бидат оспособени да се вклучат активно во процесот на приближување кон ЕУ.
Кој може да се пријави?
Стипендиите се наменети за идни студенти/кандидати за студии, кои веќе се запишани на високообразовни институции во странство со соодветна програма на постдипломски студии во областа на ЕУ. Под постдипломски студии од областа на ЕУ, се сметаат постдипломски студии од областа на европското право, економија, политиките на ЕУ, и на специјализирани студии како што се: политика на конкуренција, внатрешен пазар, заедничка земјоделска политика, индустриска политика, регионална политика на ЕУ, интелектуална сопственост, заштита на потрошувачи, информатичко општество, како и некои други конкретни и специјализирани аспекти на законодавството и политиките на ЕУ.
Конкурс за доделување на стипендии за постдипломски студии од областа на ЕУ/ЕИ во странство за академската 2009/2010 година |
|
Оглас во дневни весници (2009 г.) |
|
Oбразец за пријавување за доделување стипендии за постдипломски студии во странство за академската 2009-2010година |
|
Европски формат на CV |
|
Преглед на високообразовни институции во Европа коишто нудат постдипломски студии за ЕУ/ЕИ |
|
Информативен ден во Владата на Република Македонија |
|
Список на стипендисти на Владата на Република Македонија (2003-2007) |
На веб страницата прикачен е преглед на извесен број високообразовни институции во Европа коишто нудат постдипломски студии од областа на ЕУ/ЕИ. Овој преглед е само насока, а со него не се ограничуваат заинтересираните кандидати да се јавуваат само на наведените универзитети.
Поднесување на апликација за стипендија
Конкурсот за доделување стипендии е објавен во јавните гласила и на интернет-страницата на Секретаријатот за европски прашања www.sep.gov.mk/stipendii во текот на месец ЈУЛИ 2009 година. Кандидатите за стипендија пријавите со потребната документација можат да ги достават по електронски пат на следнава е-адреса stipendii@sep.gov.mk или по пошта на следната адреса и назнака:
Влада на Република Македонија
Секретаријат за европски прашања
(стипендии за постдипломски ЕУ/ЕИ студии)
бул. „Илинден” бб 1000 Скопје
Или лично да ги предадат во затворен плик во Архивата на Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија.
Што потоа?
По извршената селекција од пристигнатите апликации/молби за добивање стипендија за поддршка на постдипломските студии за ЕУ/ЕИ, избраните кандидати потпишуваат договор со Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија со кои ќе се обврзат да работат во државната администрација во период од најмалку три години, по нивното завршување на постдипломските студии.