Кандидатите за доделување на стипендија за постдипломски студии треба да ги исполнуваат следниве услови:
- да е државјанин на Република Македонија;
- да потврди дека е примен на постдипломски студии кои траат една академска година (до 12 месеци, односно најмногу 25 месеци за студенти во Република Германија) на високообразовна институција во странство со соодветна програма на постдипломски студии
- да поседува копија од универзитетска диплома за завршено соодветно високо образование со висок просек од оценките на студиите (најмалку 8.00);
- да поседува сертификат TOEFL/IELTS (во зависност од тоа кој универзитет каков сертификат бара)
- познавањето на други јазици од земјите-членки на ЕУ ќе се смета за предност.
Нема да бидат разгледувани апликациите на кандидатие кои:
- веќе се во тек со постдипломски студии од областа на ЕУ во странство;
- се пред завршување на постдипломски студии или штотуку ги завршиле своите постдипломски студии од областа на ЕУ во странство;
- кои веќе завршиле едни постдипломски студии и бараат стипендија за втори постдипломски студии;
- започнале постапка за запишување или се запишале на постдипломски студии од областа на ЕУ во странство, кои траат повеќе од 12 месеци, односно повеќе од 25 месеци на студии во Република Германија.
На конкурсот се поттикнуваат да се пријават лица коишто веќе се вработени во државната администрација, со обврска задолжително да останат најмалку 3 (три) години во понатамошен работен однос во администрацијата.
Пријавата за овој конкурс треба да ги содржи следните документи во електронска форма:
- пополнет образец за пријавување на конкурсот за доделување на стипендии за постдипломски студии од областа на ЕУ;
- биографија на македонски и на англиски јазик (ЕУ формат);
- линк до програмата на постдипломските студии - доколку нема линк или пак програмата не е опишана на интернет, список на предметите од кои се состои програмата;
- потврда TOEFL/IELTS
- универзитетска диплома за завршено соодветно високо образование со висок просек (најмалку 8)
- потврда / комуникација за прием на документите, односно аплицирање на постдипломски студии за ЕУ/ЕИ на високообразовна институција во странство
- писмо со коешто се образложуваат мотивите за конкурирање, на македонски и на англиски јазик.