Стипендии
СТИПЕНДИИ ЗА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ
“ГАБРИЕЛА КОНЕВСКА ТРАЈКОВСКА“
ОД ОБЛАСТА НА ПРАВОТО, ЕКОНОМИЈАТА И ПОЛИТИКИТЕ НА ЕУ ВО СТРАНСТВО
ЗА АКАДЕМСКАТА 2012/2013 ГОДИНА
Десетта година по ред, Секретаријатот за европски прашања и Владата на Република Македонија ја реализираат активноста: доделување стипендии за постдипломски студии во странство од областа на правото, економијата и политиките на ЕУ. Целта на обезбедување на финансиски средства за испраќање на кадри на доспецијализација од областа на ЕУ е градење и јакнење на професионални вештини на државните службеници ангажирани на процесот на приближување и идно приклучување кон ЕУ, но и прибирање на нови кадри коишто ќе бидат оспособени да се вклучат активно во тој процес.
Кој може да се пријави?
Стипендиите се наменети за идни студенти/кандидати за стипендии кои веќе се запишани на високообразовни институции во странство со соодветна програма на постдипломски студии во областа на ЕУ. Под постдипломски студии од областа на ЕУ, се сметаат постдипломски студии од областа на правото, економијата и политиките на ЕУ, при што предност ќе се даде на кандидатите кои немаат обезбедени финансиски средства за покривање на студиите од наведените области по друг основ.
Конкурс за доделување на стипендии за постдипломски студии од областа на ЕУ/ЕИ во странство за академската 2012/2013 година
|
|
|
|
На веб страницата прикачен е преглед на извесен број високообразовни институции во Европа коишто нудат постдипломски студии од областа на ЕУ/ЕИ. Овој преглед е само насока, а со него не се ограничуваат заинтересираните кандидати да се јавуваат само на наведените универзитети.
Поднесување на апликација за стипендија
Конкурсот за доделување стипендии е објавен во јавните гласила и на интернет-страницата на Секретаријатот за европски прашања www.sep.gov.mk/stipendii Во периодот 21.07. - 20.08.2012 година заинтересирантие кандидати можат да се пријават за оваа стипендија со поднесување на потребната документација по електронски пат на следнава е-адреса stipendii@sep.gov.mk или по пошта на следната адреса и назнака:
Влада на Република Македонија
Секретаријат за европски прашања
(оглас за доделување стипендии „Габриела Коневска Трајковска“„за постдипломски студии за ЕУ)
бул. „Илинден” бр. 2, 1000 Скопје
или лично да ги предадат во затворен плик во Архивата на Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија.
Што потоа?
Селекцијата на кандидатите ја врши Комисија сочинета од претставници на повеќе министерства и институции на Владата на Република Македонија. По извршената селекција од пристигнатите апликации/молби за добивање стипендија за поддршка на постдипломските студии за ЕУ, предлог списокот на кандидати се доставува до Владата на Република Македонија, која го прави конечниот избор.
Давателот на стипендијата се обврзува да ги покрие трошоците во висина од најмногу 20.000,00 евра. Трошоците кои го надминуваат наведениот износ ќе бидат на товар на корисникот на стипендијата. Средствата се доделуваат за обезбедување на трошоците за школарина, сместување, исхрана и патни трошоци до дестинацијата на студирање и назад.
Избраните кандидати потпишуваат договор со Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија со кој се обврзуваат да магистрираат во наведениот период и да работат во државната администрација во период од најмалку пет години, по нивното завршување на постдипломските студии.