Стипендии
КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ “ГАБРИЕЛА КОНЕВСКА ТРАЈКОВСКА“
за постдипломски студии во странство од областа на правото, економијата и политиките на ЕУ за академската 2011/2012 година
Деветта година по ред, СЕП и Владата на Република Македонија ја реализираат активноста: доделување стипендии за постдипломски студии во странство од областа на правото, економијата и политиките на ЕУ. Целта на обезбедување на финансиски средства за испраќање на млади кадри на доспецијализација од областа на ЕУ и европската интеграција е градење и јакнење на професионални вештини на државните службеници ангажирани на процесот на ЕУ, но и прибирање на нови кадри коишто ќе бидат оспособени да се вклучат активно во процесот на приближување кон ЕУ.
Кој може да се пријави?
Стипендиите се наменети за идни студенти/кандидати за студии, кои веќе се запишани на високообразовни институции во странство со соодветна програма на постдипломски студии во областа на ЕУ. Под постдипломски студии од областа на ЕУ, се сметаат постдипломски студии од областа на правото, економијата и политиките на ЕУ (особено од областа на земјоделството и сродните области: заедничка земјоделска политика на ЕУ, безбедност на храна, ветеринарна политика, фитосанитарна политика и политика на рурален развој на ЕУ), при што предност ќе се даде на кандидатите кои немаат обезбедени финансиски средства за покривање на студиите од наведените области по друг основ.
ИНФО ДЕН (МК)
|
ИНФО ДЕН (АЛБ)
|
На веб страницата прикачен е преглед на извесен број високообразовни институции во Европа коишто нудат постдипломски студии од областа на ЕУ/ЕИ. Овој преглед е само насока, а со него не се ограничуваат заинтересираните кандидати да се јавуваат само на наведените универзитети.
Поднесување на апликација за стипендија
Конкурсот за доделување стипендии е објавен во јавните гласила и на интернет-страницата на Секретаријатот за европски прашања www.sep.gov.mk/stipendii Во периодот 01.04. - 30.04.2011 година заинтересирантие кандидати можат да се пријават за оваа стипендија со поднесување на потребната документација по електронски пат на следнава е-адреса stipendii@sep.gov.mk или по пошта на следната адреса и назнака:
Влада на Република Македонија
Секретаријат за европски прашања
(стипендии за постдипломски ЕУ/ЕИ студии)
бул. „Илинден” бб 1000 Скопје
или лично да ги предадат во затворен плик во Архивата на Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија.
Што потоа?
Селекцијата на кандидатите ја врши комисија сочинета од претставници на повеќе министерства и институции на Владата на Република Македонија. По извршената селекција од пристигнатите апликации/молби за добивање стипендија за поддршка на постдипломските студии за ЕУ/ЕИ, предлог спискот на кандидати се доставува до Владата на Република Македонија, која го прави конечниот избор.
Избраните кандидати потпишуваат договор со Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија со кој се обврзуваат да магистрираат во наведениот период и да работат во државната администрација во период од најмалку три години, по нивното завршување на постдипломските студии.