Програми на Унијата
Рамковната програма за конкурентност и иновација – ЦИП претставува обид за создавање на единствена рамка за поддршка на конкурентноста, продуктивноста, иновативноста и одржливиот развој. Програмата се состои од три потпрограми:
Национална партнерска институција одговорна за спроведување и координирање на активностите поврзани со Програмата е Министерството за економија. Специфично за учеството во оваа програма е тоа што е потребно потпишување на Меморандум за разбирање за секоја одделна потпрограма.
На 18 октомври 2007 година во Брисел беше потпишан Меморандум за разбирање за правата потпрограма (Рамковната програма за претприемништво и иновација) од страна на министерот за економија г-ѓа Вера Рафајловска и заменик-претседателот на Европската комисија г-нот Гинтер Верхојген со што се отстранети сите пречки за полноправно учество на Република Македонија во оваа потпрограма.