Главни цели на програмата Младите во акција се следниве:
- Промовирање на активно државјанство, како и на европско државјанство кај младите луѓе,
- Развивање на чувството на солидарност помеѓу младите луѓе со цел зајакнување на социјалната кохезија во ЕУ,
- Унапредување на меѓусебното разбирање помеѓу младите луѓе,
- Придонесување кон развојот на квалитетни системи за поддршка на активностите на младите луѓе, како и зајакнување на способностите на здруженијата на граѓани коишто дејствуваат во областа млади,
- Промовирање на европската соработка во политиките за млади.
Активностите предвидени за поддршка во Програмата се следниве:
- Младите за Европа (Youth for Europe)
- Европски волонтерски услуги (European voluntary service)
- Младите на светот (Youth of the world)
- Млади работници и системи за поддршка (Youth workers and support systems)
- Поддршка на политиката на соработка (Support for policy cooperation)
За правилно спроведување на Програмата е потребно преземање на следниве чекори:
- Преземање на неопходните мерки со кои ќе се обезбеди непречено одвивање на Програмата на национално ниво, како и осигурување на учеството на заинтересираните страни во согласност со националната практика,
- Формирање на Национална агенција, како неопходен институционален предуслов за правилно спроведување на Програмата на национално ниво (предвидено е оваа програма да се спроведе преку Националната агенција за образование).
Национална партнерска институција одговорна за спроведување и координирање на активностите поврзани со Програмата е Министерството за образование и наука.