ИПА 2007 - 2013
Компонентата 1 - Помош при транзиција и градење на капацитетите
Помошта од ЕУ преку оваа компонента е всушност помош за градење на капацитетите на институциите и поддршка за исполнување на критериумите поврзани со усвојувањето на законодавството на ЕУ. Истата претставува и фонд со кој ќе се покриваат мерки од компонентите 3,4 и 5, а воедно, преку оваа компонента се поддржува учеството на РМ во програмите и агенциите на заедницата.
До 2011 година, финансиската помош од оваа компонента ги следните главни области на интервенција:
Во рамките на првата област / добро раководење и владеење на правото се поддржуваат реформите во јавната администрација, поддршка на процесот на децентрализација, преземање на заложбите од ССА, еднаква застапеност согласно Охридскиот рамковен договор.
Компонентата ја поддржува и реформата на полицијата во исполнувањето на националната стратегија за реформи во полицијата, во борбата против дрога, корупција, континуирано управување во областа миграција, азил и визен режим и во целосно исполнување на стратегијата за интегрирано гранично управување. Истовремено, преку Компонентата 1 се поддржуваат областите финансиско управување и контрола, процесот на децентрализирано управување со фондовите на ЕУ и создавање на вистинско партнерство помеѓу управата и граѓанското општество.
Во рамките на втората област за економски развој и социјална кохезија ќе се поддржи заокружувањето на реформите за регистрација на земјиштето и недвижнините, зајакнувањето на катастарот, контролата и супервиѕизајата на финансиските пазари и подобрувањето на административните капацитети во областа на фискалната политика (на локало и централно ниво). Воедно, ќе се поддржат и мрежното информатичко поврзување со даночните системи во ЕУ, креирањето на сеопфатна трговска политика на РМ, подобрувањето на регулаторната рамка за трговија и градење на капацитетите во областа на регионалната политика за имплементација на националните и регионални развојни планови.
На крај, во однос на преземањето на обврските од идното членство во ЕУ, компонентата ќе ги поддржи областите внатрешен пазар и конкурентност, информатичко општество, статистика, заштита на потрошувачите и здравјето, заштита на животната средина и царинската управа.
За периодот 2011-2013 година, финансиската помош од оваа компонента се сведе на интервенција по сектори:
Активностите кои се поддржуваат во рамките на секој поединечен сектор се дадени во Повеќе – корисничкиот документ за планирање за 2011-203 (Multi – annual Planning Document 2011-2013)
Оваа компонента се дели на национална и регионална